Нов септемвриски бран поскапувања

Bez autora
Sep 05 2010

Ќе поскапува месото. Според првичните пресметки, цената може да се зголеми и до 20 проценти. Во нови пресметки влегоа и производителите на масло за јадење - еден литар надмина 76 денари. Не е исклучена и нова корекција. Бранот поскапувања во септември го тенчат домашниот буџет - веќе потрошен за летните одмори. По правило поскапуваат и земјоделските производи. Традиционална зимница и оваа есен ќе се прави по повисоки цени. Зависи како се движи на пазарот цената на пиперот. Па ако може нешто ќе правиме. Цените се малце повисоки од ланската година. По некои работи и дупло се повисоки. Септемвриските трошоци дополнително се зголемуваат и со стартот на учебната година. Тетратки, моливи, ранци, нова облека. Со ученик дома, а со тенки плати, невозможно е да се опстане.

Нов септемвриски бран поскапувањаЌе поскапува месото. Според првичните пресметки, цената може да се зголеми и до 20 проценти.

Во нови пресметки влегоа и производителите на масло за јадење - еден литар надмина 76 денари.

Не е исклучена и нова корекција. Бранот поскапувања во септември го тенчат домашниот буџет - веќе потрошен за летните одмори.

„Ништо не останува. Немаме ни капка во очи. Со ова што го примаме не знам како ќе живееме. Дали трошкови дома да платиме, дали друго. многу е скапо. Претерано скапо“вели анкетиран граѓанин.

По правило поскапуваат и земјоделските производи. Традиционална зимница и оваа есен ќе се прави по повисоки цени.

„Зависи како се движи на пазарот цената на пиперот. Па ако може нешто ќе правиме“.

„Цените се малце повисоки од ланската година. По некои работи и дупло се повисоки“, велат анкетираните.

Септемвриските трошоци дополнително се зголемуваат и со стартот на учебната година. Тетратки, моливи, ранци, нова облека. Со ученик дома, а со тенки плати, невозможно е да се опстане.

„Ние лично сами знаеме бидејќи сме невработени, такоа што многу е тешко“.

„Ќе скратиме од нешто друго. Ранци мора, книги тетратки“, велат анкетираните жители на Скопје.

На прагот на новата грејна сезона - парното веќе поскапе, цената на огревното дрво лани значајно се зголеми. Експертите велат дека поскапувањата се должат на климатските промени и растот на цените на суровините.

„Цените на пет производи кои се во лебот се зголемуваат, ориз, соја, пченка, жито, јачмен. Не мислам дека ризикот од инфлација е многу висок, се должи на климатските услови и кога климата ќе се стабилизира ефектот врз цените ќе биде минимален“, вели Сем Вакнин - аналитичар.

Македонија, минатата година бележеше двоцифрени стапки на инфлација, во август годинава инфлацијата е два проценти. Во меѓувреме светската организација за храна предвидува цената на прехранбените производи и натаму да растат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik